Германската банка Commerzbank ќе користи роботи за пишување на аналитички извештаи

22

Фото: Pixabay

Commerzbank, втората најголема германска банка ја истражува употребата на вештачката интелегенција во пишување аналитички извештаи. Ова е во насока на промена на начинот на којшто финансиските институции ги спроведуваат своите истражувања, пишува Business Insider.

За таа намена, банката веќе направи партнерство со Retresco, компанија за автоматизација на содржините, како би креирале истражувачки извештаи со употреба на вештачка интелегенција. Слична технологија веќе е употребена во новинарството за пишување на кратки извештаи за приходите.

Иако технологијата засега не се употребува за пишување извештаи кои би се праќале до клиентите, сепак инвестицијата на банката во Retresco има за цел тоа да се оствари и заедно со одредена заработувачка во иднина.

Ова е ветувачко подрачје за употреба на роботи во работата на банките, бидејќи извештаите за капитални истражувања на коишто се разгледуваат кварталните приходи се структуирани на сличен начин. Според информациите од Commerzbank оваа технологија е веќе доволно напредна за да обезбеди околу 75% од она што ќе го направи аналитичарот за човечки капитал при пишувањето на непосреден извештај за кварталните приходи.

Овие потези на банкарскиот гигант од 525 милијарди долари, доаѓаат во време кога и многу други големи кредитори се обидуваат да се разликуваат од нивната конкуренција, воведувајќи вештачка интелегенција на различни нивоа. Така на пример и швајцарската UBS вложува во алтернативните извори на податоци во своите истражувања, а и Barclays ангажираше научник од Buzzfeed за да го подобри својот истражувачки оддел.