Германската економија годинава ќе има раст од 3,5%

22

Властите во Германија ја зголемија прогнозата за економски раст на земјата на 3,5% во однос на јануарската проекција од 3%, пренесува Ројтерс.

Подобрените прогнози се оправдани поради силните економски резултати забележани во последниот квартал од минатата година, што биле подобри од очекуваното.

Владата во Берлин предвидува најголемата европска економија во 2022-ра година да забележи експанзија од 3,6%.

Водечкиот германски економски институт објави дека очекува раст на бруто домашниот производ од 3,7% за оваа и 3,9% за следната година.

Фото: Pexels