Германската економија ќе ја “заплиска“ вториот бран од пандемијата

31

Советот на економски советници на германската влада ја ублажи проценката за падот на најголемата европска економија за оваа година, но поради вториот бран од пандемијата предвидува и послаб раст за 2021 година во споредба со проекциите од ова лето.

Германската економија, според нивните проценки, оваа година би требало да се намали за 5,1%, а според претходните прогнози падот беше 6,5%. По календарски прилагодените податоци, економијата по најновите проценки би требало да забележи пад од 5,5% во споредба со претходната прогноза за пад од 6,9%. Тоа би значело дека пандемијата во економијата би направила помала штета за разлика од глобалната финансиска криза во 2009-та година, кога активностите во германската економија беа намалени за 5,6%.

За следната година се очекува послаб раст на БДП од 3,7%. Најсилната европска економија би требало да забележи благ пад во последните три месеци од оваа година и незначително ќе порасне во првиот квартал од следната година.

Фото: Freepik