Германската и Лондонската берза преговараат за спојување

38

londonska berza

Германската и Лондонската берза по трет пат ќе се обидат да се спојат со цел да формираат европска сила за тргување со хартии од вредност, што полесно ќе се справи со конкурентните од САД, пишува Reuters.

Според договорот, ќе се направи комбинација од акциите што се тргуваат на Лондонската берза со дериватите што се тргуваат на Германската берза во вредност од околу 30 милијарди долари.

По речиси 16 години од првиот обид за спојување на двете берзи, со оваа аквизиција се очекува на акционерите на Германската берза да им припаднат 54,4% од акциите, додека на Лондонската берза 45,6% од акциите на новоформираната компанија.