Германската индустрија продолжува да бележи лоши резултати

85

Германската индустрија продолжува со слабите резултати. Нарачките беа во рецесија во јуни шести месец по ред, објави Националното биро за статистика.

Јунскиот извоз е за 0,2 отсто под мај и за 6,2 отсто послаб од 12 месеци претходно, пренесува ДПА.

Пред се, големите сектори во економијата се покажаа послаби: од мај автомобилската индустрија забележа извоз минус од 0,9 отсто, а машинската индустрија од 0,7 отсто.

Во исто време, рецесијата во автомобилскиот сектор беше продолжена на 17 последователни месеци.

Во минус е и надворешната трговија. Во надворешнотрговската размена, и извозот и увозот се намалени во првата половина од годината, извозот за 1,6 отсто на годишно ниво, на 801,7 милијарди евра, а увозот за дури 6,2 отсто, на 662,8 милијарди, покажуваат статистичарите. Надворешно-трговскиот суфицит се зголеми за 28,7 отсто, на 138,8 милијарди.

Пред се, големите сектори од економијата извезуваа послабо: автомобилската индустрија забележа извоз минус од 2,4 отсто, а машинската индустрија од 4,4 отсто. Слично функционираше и хемиската индустрија.

Најзначајни извозни пазари во првата половина од годинава беа САД, Франција и Холандија. Германија најмногу увезла од Кина, со која забележала надворешнотрговски дефицит од 25,3 милијарди евра.