Германски електро-спроводници ќе се произведуваат во Србија

67

Фото: Auto-Kabel

Германската компанија Auto-Kabel којашто се занимава со производство на електрични проводници за потребите на автоиндустријата планира да отвори фабрика во Косјерич, Србија објави eKapija.

Неофицијално, Германците планираат во прво време да вработат околу 150 работници, а постепено имаат намера бројот на вработени да стаса до 400 со просечна плата од 340 до 400 евра.

Компанијата е основана 1930 -та година и денеска е една од водечките на европскиот пазар во својата област. Соработува со BMW, Ford, Toyota, Reno, Peugeot…Во изминативе години отворени се фабрики/погони во Америка, Чешка, Швајцарија, Кина, Јапонија…