Германски Fraport ќе оперира со 14 грчки аеродроми на 40 години

29

fraport-logo

Грчката влада потпиша договор со германскиот аеродромски оператор, Fraport, за концесија на 14 аеродроми, пишува Reuters.

Овој договор вреди 1,2 милијарди евра и ги вклучува и аеродромите во познатите туристички места Санторини и Крф.

Fraport во партнерство со грчката енергетска компанија Copelouzos ќе управува со 14 аеродроми во период од 40 години. Германскиот аеродромски оператор ќе инвестира 330 милиони евра до 2020 година.

Минатата година, Fraport го купи Аеродром Љубљана за 234 милиони евра. Fraport оперира со аеродромот во Франкфурт, како и со повеќе аеродроми во Европа, Азија, Африка и Јужна Америка.