Германски инвестициски фонд ќе го преземе словенечки Елан?

44

elan

Процесот на продажба на словенечкиот произведувач на скии Елан се ближи кон крајот, а според пишувањето на словенечки Дневник, за преземање се интересира германскиот инвестициски фонд Adcuram, кој се занимава со преземање на проблематични фирми и со деловно реструктуирање, пренесува Пословни пулс. Неофицијално, Германците неодамна дале необврзувачка понуда повисока од останатите понудувачи. Според медиумите, за Елан се заинтересирани и американска и чешка компанија.