Германски РТЛ: Хрватска нè ограбува! Пет евра за топка сладолед

22

Германски РТЛ објави текст со наслов „Хрватска нè ограбува! Пет евра за топка сладолед“ во кој се прашува дали летниот одмор во Хрватска наскоро ќе биде само за богатите. Додаваат и дека во рестораните сè поскапело.

„Ако се погледнат поскапувањата, Хрватска наскоро би можела да стане дестинација за одмор само за оние со подлабок џеб. Туристите мора да копаат длабоко во нивните џебови само за една топка сладолед. Но, тоа не е се“, пишува RTL, додавајќи дека сè е поскапо во Хрватска – вклучувајќи хамбургери, пијалоци и ресторани.

„Порано Шпанија и Италија беа најпопуларни туристички дестинации, но сега Хрватска стана едно од најпопуларните места за одмор, најмногу поради тоа што долго време важеше за најевтинa. Но сега стана доста скапо и во Хрватска.

РТЛ пишува дека во Дубровник топка чини дури 5 евра, во Ровињ плескавица чини 22 евра, а во Шибеник Аперол Шприц за деца чини 11 евра.

Зошто Хрватска е толку скапа?
Зошто Хрватска е толку скапа, прашува RTL и додава дека некои туристи веројатно во иднина ќе бараат поевтина алтернатива доколку цените останат исти. Ја пренесоа и изјавата на градоначалникот на Ровињ, Марко Палијага, кој наводно рекол: „ Претеравме со цените“.

Како причина за поскапувањето, РТЛ пишува дека Хрватска има висока стапка на инфлација во однос на остатокот од ЕУ, сметаат дека последиците од пандемијата сè уште се видливи, а корекцијата на цената се должи и на воведувањето на еврото на почетокот на годината.

Но, RTL јавува дека цените на топките сладолед се високи и во Германија. Денес, две евра и повеќе се вообичаената цена во многу германски слаткарници, но цените многу варираат од место до место.

„Без разлика дали во слаткарница во Германија, во друга земја или на одмор во Хрватска, вкусен коктел или освежителен сладолед ќе биде луксуз за некои луѓе оваа година“, заклучува RTL.