Германски Siemens ќе произведува трамваи во Крагујевац

79

pexels-photo-709860

Фото: Pexels

Германски Siemens, којшто минатиот месец ја презеде компанијата Милановиќ Инженеринг од Крагујевац планира во овој град да произведува трамваи, пренесува Poslovni.

Србија по затворањето на две вакви фирми за производство на локомотиви и вагони во Краљево и Ниш, остана без производство на шински возила.

Германската компанија планира во следните две години значително да ги прошири постоечките капацитети и најверојатно, во соработка со идни француски парнтери, да започне не само производство, туку и техничко-технолошки развој на шински возила.

Од Siemens најавуваат и формирање на сопствен развоен центар во Крагујевац, поради што, претставници на компанијата неодамна го посетиле Факултетот за инженерски науки во Крагујевац каде се разговарало за прилагодување на наставните планови и програми на Факулетот согласно потребите на германската компанија.

Ова практично ќе биде втора фабрика на Siemens во Србија, откако пред 14 години во Суботица, истата компанија отвори фабрика за ветрогенератори, којашто за кусо време стана меѓу најуспешните во синџирот фирми на германскиот гигант.