Гeрманскиот автомобилски гигант “ ја смени плочата“ и сега ја предизвикува Tesla

162

Германскиот производител на автомобили Volkswagen, почнува да го освојува пазарот и кога станува збор за електрични возила, со што ја предизвикува американската компанија Tesla.

Volkswagen продаде 231.600 електрични возила, во 2020 година, според податоците што компанијата ги објави во средата. Иако сè уште е помалку од половина од продадените возила на Tesla, тоа претставува зголемување од 214% во однос на претходната година и покажува дека големата германска автомобилска индустрија почнува да го предизвикува лидерот во електричните автомобили.

“На добар пат сме да ја постигнеме целта да станеме лидер на пазарот на електрични возила на батерии“, рече Ралф Брандстатер, извршен директор за патнички автомобили Volkswagen. Најпопуларното електрично возило на Volkswagen беше новото ID.3, со продадени 56.500 возила.

 “2020 година беше пресвртница за Volkswagen и означи чекор напред во електричната мобилност “, рече Брандстотер.

Volkswagen соопшти дека планира да инвестира 35 милијарди евра во електрични возила до 2025 година, а бројките за продажба за 2020 година сугерираат дека клиентите почнуваат да реагираат.

Фото: Freepik