Германскиот гигант им нуди на вработените отпремнина до 400.000 евра

273

Автомобилскиот гигант Daimler AG се соочи со големи промени за време на преструктуирањето. Имено, од една страна, групата ќе биде поделена на две нови, независни компании оваа година: Mercedes-Benz за автомобили и комбиња и Daimler Truck за камиони и автобуси.

Производителот на автомобили, од друга страна, сака да стане климатски неутрален пред 2039 година и мора целосно да го претвори своето производство во електромобилност. Но, за да може финансиски да си дозволи големи инвестиции, на Daimler му следи строго штедење и ова ќе има далекусежни последици за работниците на групацијата.

Во само шест германски фабрики постои ризик од 20.000 отпуштања. Минатата година, извршниот директор на Daimler, Ола Калениус, објави програма за отказ, која, кој според компанијата е доброволен.

Инженер во раните 40-ти години, кој дојде во компанијата по дипломирањето, може да се надева на отпремнина до 400.000 евра, а понудата за заминување веќе ја прифатија повеќе од 3.500 вработени, пишува Business Insider.

Сепак, не се сите воодушевени од програмата за отпуштање.

“Не сакаме отпремнина“, изјави работник во Унтертирхајм за германските медиуми, кој би претпочитал парите да се инвестираат во понатамошен развој. Бизнисот оди добро во моментов. Заминувањето на некои колеги затоа би направило “дупки“.