Германскиот извоз во САД би можел да се намали за 14,9 отсто доколку Трамп биде избран за претседател

Германскиот извоз во Соединетите Американски Држави би можел да падне за 14,9 отсто доколку Доналд Трамп биде избран за претседател на САД во ноември и ги исполни своите предизборни ветувања, се наведува денеска во извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен и платформата EconPol Europe.

Според извештаите, во тој случај извозот на германската автомобилска индустрија во САД би паднал за 32 отсто, а извозот на германски фармацевтски производи за 35 отсто.

Соединетите Американски Држави се еден од најважните трговски партнери на Германија – и во стоковниот и во услужниот сектор.