Германскиот “крал на колбасите“ планира да го продаде семејниот бизнис

121

Германскиот милијардер, Клеменс Тенис, познат како “крал на колбасите“ размислува да ја продаде семејната компанија, којашто важи за најголем преработувач на месо, пренесува Bloomberg.

Семејните сопственици на Toennies подготвуваат постапка за продажба на компанијата на нејзиниот 50-годишен јубилеј.

Се верува дека вредноста на компанијата би можела да достигне и до четири милијарди евра, а преговорите со потенцијалните купувачи би можеле да почнат во следните неколку недели. Станува збор за група на потенцијални понудувачи, меѓу кои се американската месна индустрија Tyson Food, бразилската компанија JBS S.A. и кинеската WX којашто во 2013 година го купи американскиот производител Smithfield Foods.

Сепак, не е донесена конечна одлука и не е сигурно дека преговорите ќе резултираат со продажба на германскиот гигант, додава Bloomberg. Информацијата за потенцијална продажба доаѓа скоро една година по националниот скандал во којшто Клеменс Тенис стана негативец во јавноста поради масовната зараза на работници со коронавирус во една од неговите фабрики.

Тогаш било наложено затворање на погони за пакување на месо бидејќи над 1.500 работници биле позитивни на коронавирусот.

Клеменс Тенис, сопственик на околу 45% од компаниите и неговиот внук Роберт, кој држи 50% од акциите, можно е двајцата да ги продадат своите удели.

Фото: Pexels