Германскиот министер за економија: Можеби ќе ја „истуркаме“ зимата без руски гас

54

„Германија можеби ќе може да ја „истурка“ следната зима без руски гас“, рече министерот за економија на земјата, Роберт Хабек.

Тој за денешното издание на „Виршафс вохе“ изјави дека Берлин ги интензивирал напорите да ја намали зависноста од руската енергија по нападот на земјата врз Украина.

Министерот за економија на Германија изјави дека земјата ќе биде значително зависна од рускиот гас до 2024 година.