Германскиот уставен суд го одобри механизмиот за спас на еврозоната

27

Германскиот Уставен суд  го отвори патот за спас на еврозоната, со одлуката дека Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) е легален. Со тоа му е дадено „зелено светло“ на  претседателот Јоаким Гаук да ги потпише законите кои се однесуваат на механизмот за стабилност. Осумте судии на Уставниот суд во Германија, поставија и ограничување за учеството на оваа земја во финасирањето на фондот за спас на најслабите економии во еворзоната.

– Финансиските оптоварувања за Германија  кои произлегуваат од ЕСМ да се ограничат на сегашните 190 милијарди евра. Германскиот парламент мора да ги санкционира  сите оптоварувања кои ја надминуваат оваа бројка – појаснуваат од Уставниот суд на Германија.

Европските акции и еврото забележаа пораст по денешната позитивна одлуката на Германскиот Уставен Суд за вклучување на Германија во Европскиот Стабилизационен Механизам кој значи постојан фонд за помош од 700 милијарди евра. На оваа одлука на Германскиот Суд се гледаше како на клучна во борбата за спас на еврозоната. Еврото денеска посигна 4 месечен рекорд во однос на доларот и се продаваше за 1,2901, а европските берзи пораснаа за 0,14% и се на највиско ниво во изминативе 14 месеци