Германските компании планираат да ги намалат инвестициите во 2024 година

15

Германските компании планираат да ги намалат инвестициите во 2024 година, е заклучокот од извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Индексот кој ги мери инвестициските очекувања на компаниите во Германија падна во март од 1,2 поени во ноември на минус 0,1 поен во март.

„Глобалната побарувачка за капитални добра и суровини е сè уште слаба, а сè уште има несигурности поврзани со економската политика. Ова е причината зошто многу компании ги одложуваат своите инвестициски одлуки“, вели економскиот експерт на ИФО, Лара Каргес.