Германските компании сè помалку зависат од увозот од Кина

12

Германските компании се помалку зависни од увозот од Кина во споредба со периодот пред избувнувањето на војната во Украина во февруари 2022 година, покажа извештајот на Институтот за економски истражувања Ифо со седиште во Минхен.

Според истражувањето, околу 37 отсто од анкетираните германски производствени компании наведуваат дека зависат од увозот на интермедијарни производи од Кина.

Во февруари 2022 година, непосредно пред почетокот на војната во Украина, овој процент бил поголем и изнесувал 46 отсто, според Ифо.

Уделот на германските компании кои се потпираат на важни инпути или стоки од Кина се намали и во индустријата и во трговијата.

Спротивно на тоа, уделот на германските компании кои добиваат важни инпути од сопствените производствени капацитети во Кина практично не е променет во однос на последното истражување и изнесува 11 проценти.

Главните причини за планираното намалување на увозот од Кина се растот на политичката неизвесност и желбата на компаниите да ги диверзифицираат своите извори на снабдување, се заклучува во извештајот на Институтот за економски истражувања.