Германските плати се зголемија реално за прв пат од пандемијата

18

За време на пандемијата, вработените во Германија добиваа значителна државна помош преку зголемување на платите и еднократни исплати, но кризата сепак ја намали нивната куповна моќ.
Само минатогодишното забавување на инфлацијата ја отвори вратата за мало зголемување на реалните плати.

Имено, просечниот пораст на платите од шест отсто во 2023 година малку ја надмина стапката на раст на потрошувачките цени од 5,9 отсто, објави во средата Федералното биро за статистика. Тоа значи дека платите реално пораснале за 0,1 процентен поен.