Германските работодавци помалку вработуваат во декември

27

Активноста на германските компании на пазарот на трудот во однос на регрутирање на нови работници e воздржана во декември. Барометарот за вработување на IFO (Institute for Economic Research) институтот за економија падна на 95,5 поени во декември од ноемвриското ниво од 96,7 поени, бидејќи новите строги мерки за заклучување насочени кон запирање на ширењето на коронавирусот влијаеа на неподготвеноста на компаниите да вработуваат нови луѓе.

Иако е зајакнат барометарот за вработување во производствениот сектор, не се очекува зголемување на бројот на вработени, се наведува во соопштението на институтот од Минхен, пренесува Танјуг.

Истата состојба е и во трговијата, каде што овој индикатор исто така се зголеми малку, но компаниите засега не планираат големи промени во бројот на вработени.

Давателите на услуги, од друга страна, ги намалија плановите за вработување. Во овој поглед, постои посебна претпазливост меѓу архитектонските и инженерските фирми и компаниите за недвижнини.

Во ИТ секторот и градежништвото, трендот на создавање работни места продолжи, но, како што се чини, нешто послабо отколку претходниот месец.

Фото: Freepik