Германците плаќаат највисоки банкарски провизии

15

Клиентите на банките во Германија плаќаат високи банкарски провизии за основни сметки во споредба со другите земји од ЕУ, покажува анализата на центрите за советување потрошувачи.

Таксите можат да бидат и до 28 евра месечно, пишува „Шпигел“ повикувајќи се на анализата на Федералната асоцијација на потрошувачки центри.

Трошоците за одржување основна сметка во Германија се убедливо највисоки во Европа – изјави Рамона Поп, претседател на ова здружение, додавајќи дека истата услуга чини 13 евра во Данска и 10 во Финска. Во Франција, Ирска и Полска, одржувањето на тековната сметките се бесплатни бидејќи се неопходни за основни цели, како што се исплата на плати или исплата на комунални услуги.

Од 2016 година, секој германски државјанин има право на тековна сметка како резултат на директива на ЕУ, додека претходно оние без постојан престој или бегалци, на пример, честопати имаа потешкотии да отворат банкарски сметки.