Geta – робот за паралелно паркирање од 150.000 долари

86

parking robot geta

Паралелното паркирање е вистински предизвик, па дури и за оние возачи кои имаат долгогодишно искуство. Но, роботот Geta би можел во иднина да биде од голема помош бидејќи ќе заштеди време и простор при паркирање, пишува Reuters.

“Роботот за паркирање е дизајниран за зголемување на паркинг просторот. Роботот може да оди насекаде и да биде голема реформа во паркирањето во иднина“, вели Марко Ву, извршен директор на Yee Fung, компанија што стои зад Geta.

На овој робот, којшто го водат ласери, потребни му се само две минути да го паркира возилото и во исто време води сметка да остави доволно простор и за паркирање на други автомобили. Geta се поставува под возилото, го подигнува, пронаоѓа место за паркирање и го сместува автомобилот на тоа место без никаква асистенција од возачот.

Цената на Geta, којшто се очекува наскоро да се најде во продажба, ќе биде околу 150.000 долари.