GetByBus – апликација за онлајн продажба на автобуски билети

63

get-by-bus

GetByBys е апликација за превозници на меѓуградски и меѓународни автобуски линии и систем за онлајн продажба на билети.

Овој систем на едно место собира над 500 европски автопревозници од 40 земји и нуди над 100.000 различни комбинации на над 4.900 автобуски рути. GetByBus нуди преглед на сите автобуски превозници на едно место, како и на сите меѓународни возни редови со сите цени и детални информации, на пример, дали автобусот има клима, место за полнење мобилен телефон или безжичен интернет, на колку и на кои станици застанува автобусот…

Апликацијата нуди поддршка и за превозниците, бидејќи во секој момент може да видат каде се наоѓа нивниот автобус во реално време, колку билети се продадени, колку патници има во автобусот и слично.

Држави што се опфатени со GetByBus се: Хрватска, Италија, Босна и Херцеговина, Полска, Австрија, Србија, Чешка, Словенија, Германија, Швајцарија и Црна Гора.

Зад овој старт – ап, којшто се развиваше во Сплит, стојат Мортен Смалбај, блогер за патување од Данска и Анте Дагелиќ од Хрватска.