Ги препознавме потребите на клиентите, сега тие не препознаваат нас

165
DSC_0197889
Надежда Прокопиева Бежовска, менаџер на Слух 1

Докажаното искуство и експертиза во оваа област со повеќе од 20 години професионално работно искуство гарантира единствени решенија со изградени односи на искреност, чесност и интегритет осигурувајќи се дека односите со клиентите ќе останат долготрајни.

БИ: Kaко компанија сте присутни повеќе од 20 години на пазарот. Како почна целата приказна со Слух 1?

Слух 1 е фирма за промет и изработка на ортопедски слушни помагала која повеќе од 20 години нуди производи со врвен квалитет, со името на брендови лидери на пазарот во создавање на нови технологии и инвенции во областа на ортопедските слушни помагала. Слух 1 е прва фирма во Р. Македонија за слушни помагала, чиј основач е д-р Љубомир Прокопиев, оториноларинголог, кој во тоа време често се соочувал со луѓе со оштетен слух, па на тој начин се вродила и идеја да се најде решение како да им се помогне на оние чиј слух е трајно оштетен.  Оттогаш нашата главна цел е насочена кон проблемот на луѓето со оштетен слух.

БИ: Претставници сте на Phonak International. Како дојде до соработка со оваа компанија?

На странскиот пазар постоеја повеќе компании за слушни помагала, но на нашиот се уште не постоеше некој кој во целост се занимава со таа проблематика и обезбедува производи од тој тип на крајни корисници. Изборот за нас беше лесен, сите странски компании беа достапни за соработка, но ние ја одбравме најдобрата, онаа за која што сметавме и се уште сметаме дека има најширока палета на производи со софистицирани карактеристики кои им овозможуваат на корисниците добро слушање. Уште поголем предизвик е дека компанијата Phonak нуди исклучителни линии на слушни апарати за деца, односно педијатриска линија на апарати за оние деца кои имаат оштетен слух.

DSC_0174

БИ: Имате разновидна палета на производи. За какви апарати станува збор, каква е нивната намена?

Високотехнолошките достигнувања на Phonak им овозможуваат на луѓето со оштетен слух комуникација и целосна интеграција во општеството. Слушните апарати се помагала кои ги користат луѓето со оштетен слух, без оглед на возраста и степенот на оштетеност на слухот. Слушните апарати, создадени во многу варијанти, дизајни и карактеристики, им овозможуваат на клиентите голем избор во зависност од нивните потреби. Постојат најразлични модели, од  апарати кои се носат позади уво до минијатурни, канални апарати кои се изработени по мерка на ушниот канал.  Сите слушни апарати се дигитални и се подесуваат компјутерски во зависност од оштетувањето на слухот.  Освен слушни апарати, застапници сме и за компанијата  Medel  за кохлеарни импланти, нудиме додатоци како за слушните апарати така и за имплантите, батерии од брендот Rayovac , индивидуално изработени силиконски влошки за уво и тампони за заштита на уши од брендот Alpine.

БИ: По што се разликувате од другите слични компании кои работат со истата проблематика? Зошто клинетот да ве одбере вас, што Слух 1 нуди повеќе од другите?

DSC_0219 (1)Слух 1 нуди висок квалитет на производи и услуги за своите клиенти. Докажаното искуство и експертиза во оваа област со повеќе од 20 години професионално работно искуство гарантира единствени решенија со изградени односи на искреност, чесност и интегритет осигурувајќи се дека односите со клиентите ќе останат долготрајни. Тимот на Слух 1 е сочинет од високо квалификуван кадар, со долгогодишно искуство кој веднаш  му обезбедува услуга на клиентот. Нудиме бесплатен професионален совет за нашите клиенти, кој вклучува проценка на оштетеноста на слухот, проба на слушните апарати од палетата на Phonak и избор на најсоодветниот за нив. Слух 1 постојано ги информира своите клиенти за новитетите од областа на слушните помагала.

БИ: Дали покрај продажбата на производите и помагалата, нудите лекарски прегледи и совети за понатамошна грижа или превенција од губење на слухот?

Правилата во однос на работата кај нас се разликуваат од останатите кои нудат медицинска помош. Кај нас директно се подигаат помагалата, а постојат два начини за купување на овој производ.  Оние кои сакаат да подигнат слушен апарат, а да го искористат правото на социјално осигурување, треба да поминат лекарски преглед во јавна здравствена установа и потоа да дојдат кај нас, на тој начин им следи помагало кое е одредено во согласност со оштетувањето на слухот и мерките од фондот, а оние кои не сакаат да подигнат помагало по пат на социјално осигурување доаѓаат директно кај нас да го извршат испитувањето на слухот и веднаш со проба на различните модели го вршат изборот. Покрај гаранцијата и начинот на употреба, на корисниците им се укажува можност за постојано следење на состојбата и корегирање на слухот со апаратите, како и превенција на кој начин да се заштитат од понатамошна загуба на слухот.  За оние кои се уште немаат оштетен слух нудиме тампонска заштита за уши, особено за оние кои работат во многу гласни средини, кои секојдневно се изложени на ризик од загуба на слухот.

БИ: Дали соработувате со некои домашни компании?

DSC_0238Нашата дејност е насочена кон директно опслужување на клиентите, директна продажба која се остварува само на нашето продажно место.

Имаме долгогодишна соработка со Фондот за здравствено осигурување на РМ со што на секој осигуреник му се овозможува да го искористи своето право и да подигне помагало кое е целосно на терет на фондот.

БИ: Велите дека сте фамилијарна фирма. Колкумина се вклучени во бизнисот и како се распределени улогите на вработените?

Слух 1 е фамилијарен бизнис од самиот почеток, брои три члена од семејството кои успешно го водат бизнисот, во областа на управувањето, менаџирањето и маркетингот. Останатите обврски, како компјутерско подесување на апаратите, изработка на канални апарати во лабораторија, сервисирање и одржување ги извршуваат инженери, специјалисти за производи и техничари кои со својата висока стручна спрема секојдневно ги опслужуваат клиентите.

БИ: Секој бизнис носи свои предизвици. Како се справувате со незадоволните клиенти, конкуренцијата и останатите проблеми во секојдневното работење?

Како и секој бизнис, долгогодишното и секојдневно работење директно со клиенти носи многу искуство, задоволство, но понекогаш и проблеми кои заеднички, тимски ги решаваме.

Нашите клиенти се генерално задоволни, што кажува и самото долгогодишно постоење, но она што суштински не издвојува од конкуренцијата е искуството во работата, пристапот кон корисниците, брзината на услугата  и пред се квалитетот на производите.

DSC_0216

БИ: Како се рекламирате? Имате ли посебна маркетинг стратегија?

Секогаш настојуваме да бидеме подискретни, а сепак присутни во медиумите, бидејќи нудиме производи кои им се потребни на одредена група на луѓе. Сепак квалитетот и задоволните клиенти ни се најголемата реклама и колку повеќе вложуваме во нив ,толку повеќе ги остваруваме своите цели.

БИ: Што Слух 1 подготвува за во иднина? Планирате можеби да ја проширите соработката со други компании, да воведете нови производи во продажбата?

Наша цел е секако задоволството на клиентот, па секогаш се стремиме кон подобрување на квалитетот и брзината на услугата, посета на редовни обуки и саеми во странство за надградба на нашето знаење за оваа проблематика и подигање на свеста кај луѓето за овој проблем. Во иднина планираме да ја прошириме палетата на производи, повторно со слушни апарати, но модели кои  ја поседуваат безжичната технологија, која за младите е од големо значење. Исто така сакаме да изготвиме програма чија цел ќе биде подигање на свеста на луѓето за слухот, со тоа што ќе се вршат бесплатни тестирања на слухот за сите возрасти.