Гигант за производство на спортска опрема прокнижи 790 милиони долари загуба

98

Загубата на американската компанија Nike во последниот квартал од фискалната 2020 година е 790 милиони долари, стои во извештајот на компанијата, објавен на официјалната веб страница.

Приходот на Nike за тој период беше 6,3 милијарди долари, што претставува намалување за 38% во однос на истиот период лани.

Во исто време, продажбата на производи преку интернет се зголеми за 75%, а административните и другите трошоци се намалија за 6%, достигнувајќи 3,2 милијарди долари.

И покрај ова, компанијата не можеше да оствари нето профит, иако тоа се очекуваше.

Во својот извештај, Nike повеќе пати ја припишува причината за падот на финансиските перформанси на последиците од пандемијата на коронавирус.

Фото: Pixabay