Gik – првото сино вино оди на продажба

69

21897_blue-is-cool-this-summer-as-gik-blue-wine-hits-spanish-trendsetters_1_largeМлада група креативци од Шпанија, без никакво предзнаење за производство на вино го создадоа Gik, мешавина од бело и црвено гројзе. Она што е специфично за виното е неговата кобалт сина боја добиена со додавање на антоцијан, природна состојка којашто ја има во лушпата на грозјето.

Групата млади луѓе ја посочија токму сината боја како боја на иновациите, движењето, флуидноста и промената, што значи дека сепак била одбрана со причина.

Gik-Blue-Wine-600x360

Виното е наменето првенствено за младите авантуристи на кои не им е важна сортата, годината, производителот и потеклото, туку едноставно се отворени за нови предизвици и сакаат да уживаат во пијалакот.

Синото вино содржи 11,5% алкохол и се служи добро изладено. Најдобро е во комбинација со суши, гвакамоли, Цазики сос, шпагети Карбонара и сушен лосос.

Цената за едно шише е 10 евра.