Gillette: Најдоброто што мажите можат да го добијат

244

gillette-company-historyAmerican Safety Razor Company, подоцна именувана како Gillette Safety Razor Company е основана во далечната 1902 година од страна на Кинг К. Жилет, кој идејата ја доби од самата потреба бричењето да стане полесно, побрзо и поефикасно.

Четириесет годишниот трговец, иноватор и писател и покрај тоа што во почетокот наидуваше на неверувања од околината кога ја презентираше својата идеја за новиот револуционарниот брич на кој можеше да се менува жилетот кога ќе отапи, на крајот им докажа на сите дека и тоа е можно.

thumbСреќата му се насмевна во 1901 година кога го запозна Вилијам Никерсон, машинист со високо образование, кој му помогна на Жилет во остварување на замислата.

Така, со 5.000 долари кои беа потребни да се стартува бизнисот, во 1903 година започна производството на бричевите во Бостон, Масачусетс, а Кинг К. Жилет стана директор на компанија составена од тројца. Истата година беа продадени 51 брич и 168 жилети, за следната година бројката да се зголеми на 90.000 бричевии и 120.000 жилети.

Побарувачката за новите бричеви растеше, па така компанијата почна да се шири.

thumb (2)

Првата канцеларија надвор од Бостон беше во Лондон, потоа следуваа Париз, Монтреал, Берлин, Лестер, Хамбург и до 1923 година на надворешниот пазар отпаѓаше 30% од продажбата.

За време на Првата Светска војна компанијата потпиша договор за снабдување на американската војска со 3,5 милиони бричеви и 32 милиони жилети.

Еволуција на бричевите

Gillette_1950s_Aristocrat_1Во 1934 беше претставен нов модел на брич, Aristocrat со нов механизам на отворање Заврти за да отвориш, што го направи менување на жилети многу полесно од било кога.

Моделот Super Speed беше преставен во 1947 кој што имаше сличен дизајн на неговиот претходник, за во 1958 да биде создаден првиот прилагодлив брич. Со него бричењето беше доведено до нова димензија на блискост со кожата.

Во 1969, Gillette започна да ги обложува своите сечила со платина за да ги заштити од корозија, а во 1985 беа првите што ја воведоа лентата која подмачкува за време на бричењето. Gillette Fusion бричот со пет жилети што денес се користи беше за прв пат преставен во 2006 година, а четири години подоцна беше лансиран ProGlide, флексибилен брич наменет за сите оние со осетлива кожа.

about-gillette1

Низ годините, Gillette се повеќе се вклучуваше во спортот, склучувајќи договори со врвни спортски лиги во фудбал кошарка, хокеј, автомобилизам и др.

alg-gillette-woods-jpgВо 2007 компанијата ја лансираше својата кампања Gillette Champions во која главна улога имаа тројца свестски познати спортисти, шампиони во своите полиња, Тајгер Вудс, Роџер Федерер и Тиери Анри.

Тие стана најдобрите амбасадори кои брендот некогаш ги имал.

Денес освен безбедносни бричеви, портофолиото на некогашната Gillette Safety Razor Company содржи уште многу други производи за лична нега и хигиена, како за мажи, така и за жени.

Од први октомври 2005 Gillette е официјално дел од корпорацијата Procter & Gamble.