Ginger – роботизиран келнер во ресторан во Непал

31

Фото: Facebook

Ginger е робот на непалскиот старт – ап Paaila Technology, којшто работи како келнер во локалниот ресторан Naulo.

Овој робот, којшто е висок 1,5 метри, може да зборува англиски и непалски.

Ginger може да комуницира со други роботи од неговиот вид, како и со гостите во ресторанот, а во исто време и да ги носи порачаните јадења. Порачките за храна ги прима преку екран на допир поставен на масите, а Ginger добива повик од кујната во моментот кога јадењето е подготвено за сервирање.