Глампинг – спој на кампување и луксуз

208

glamping prikolka

Глампинг (glamping) е посебна туристичка атракција за оние кои ја сакаат природата. Оваа кованица произлегува од желбата за кампување, но на луксузен начин.

За овој вид на патувања, туристите не мора со себе да носат шатор, приколка, тенда или вреќи за спиење. Постојат специјализирани кабини, шатори и вили што го доловуваат чувството на кампување, но со голема доза на луксуз.

glamping 1

Глампинг не е новитет, туку дел од туристичката понуда во светот во изминатите десетина години. Според неофицијални податоци, овој вид на одмор го користат околу 10% од туристите во светот.

Од земјите во регионот, во Словенија има неколку квалитетни и престижни глампинг понуди, коишто на гостите им нудат близок контакт со природата, автентични кулинарски специјалитети и други погодности. Во Хрватска е изградена цела глампинг зона – Cro Tent, пишува словенечки Vecer.com.

glamping

Во светски рамки, интернет порталот Glamping.com има богата понуда за овој вид на сместување на сите континенти. Корисниците може да изберат патување во Африка, Азија, Европа, Америка, Велика Британија и Австралија. Во понудата има куќички на дрво, колиби, вили, приколки…

Она по што глампингот се разликува од кампувањето, освен луксузот, се и цените. Па така, оние кои сакаат летниот одмор да го поминат во некоја опремена и луксузна колиба или приколка, треба да бидат подготвени и да платат и до 400 долари за едно ноќевање.