Гласовен асистент на Samsung за управување со апаратите за домаќинство

23

samsung-logo-fb

Фото: Facebook

Јужнокорејската компанија Samsung на конференцијата во Сан Франциско ја најави втората генерација дигитален гласовен асистент Bixby 2.0. Од Samsung велат дека новиот Bixby ќе биде подобар во обработката на податоци и предвидувањето на потребите на корисникот, без разлика на кој уред ќе работи овој асистент.

Новата верзија на Bixby ќе биде контролен центар на сите поврзани уреди (телефони, телевизори, фрижидери, звучници и други апарати поврзани на интернет) на корисникот.

Bixby ќе биде отворен за девелоперите кои ќе може да развиваат сопствени сервиси за постоечките апликации.