Нилсен: Создавање банкарска унија е клучен фактор за опстанокот на еврозоната

25

Создавањето на банкарска унија е од суштинско значење за опстанокот на еврозоната, освен ако брзо не се случи комплетен фискален и политички сојуз, но тоа е малку веројатно, смета главниот економист на Уникредит, Ерик Нилсен. Неговиот коментар следува по предлогот што претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо го претстави во своето годишно обраќање за состојбата на Унијата, што вклучува економска и финансиска интеграција на Унијата.
Според главниот економист на Уникредит, без фискална унија трошоците за финансирање на државните долгови ќе продолжат да бидат различни во зависност од нивното усвојување од страна на пазарот.
Во формирањето заеднички банкарски сојуз во ЕУ, Ерик Нилсен гледа како на прв чекор за создавање на заеднички банкарска супервизија. Тој препорача, дека ако се воспостави банкарски унија, ќе се организираат редовни состаноци на националните надзорни органи, министрите за финансии и Европската Централна Банка (ЕЦБ), за да се решат прашањата со недостатокот на конзистентност во нивните активности.