Главниот извршен директор го напушта BMW

28

Фото: Pixabay

Германскиот производител на автомобили, BMW е во потрага по нов челник, откако Харалд Кругер го најави своето заминување, пишува CNN.

Кругер заминува од позицијата Главен извршен директор во BMW по четири години. Тој беше дел од оваа германска автомобилска компанија цели три децении.

“Во последните години, автомобилската индустрија беше обликувана од огромни промени, што доведоа до поголема трансформација отколку во изминатите 30 години“, изјави Кругер.

BMW минатиот месец постави цел да развие 25 електрифицирани модели во 2023 година, две години пред предвиденото.