Главниот извршен директор на Samsung поднесе оставка

27

pexels-photo-241345

Фото: Pexels

Квон О-Хјун, главниот извршен директор на Samsung Electronics поднесе оставка, а како причина за тоа наведе “криза без преседан” поради неодамнешните случувања во компанијата, пишува Telegraph. Технолошкиот гигант беше вмешан во скандал со мито и прекршување на заклетва од страна на наследникот на империјата Џеј Ли, кој во август беше осуден на пет години затвор.

О-Хјун, кој беше на чело на Samsung 32 години, рече дека ќе се повлече од функцијата главен извршен директор и заменик претседател во март. Неговото заминување доаѓа и покрај фактот што компанијата објави рекорден квартален профит.

Продажбата на компанијата е во подем благодарение на рекордната побарувачка на микрочипови и дисплеи, како и зголемената продажба на најновите паметни телефони.

Samsung засега нема објавено кој ќе биде наследник. Компанијата има тројца извршни директори, но останатите двајца, Јонг-Кјун Шин и Јун Бу Кун, отстапија од работењето во компанијата.