Главниот извршен директор на Uber поднесе оставка под притисокот на инвеститорите

17

kalanick

Фото: Facebook

Главниот извршен директор на Uber, Тревис Каланик, коосновач на една од највлијателните технолошки компании, поднесе оставка под притисокот на инвеститорите поради редица скандали што се поврзуваат со компанијата.

Uber стана предмет на сериозни критики поради низа скандали, корпоративната култура и обвинувањата за сексуално вознемирување и булинг, пишува Reuters.

Заминувањето на Каланик им отвори голем проблем на Бордот на директори да најдат динамичен лидер кој ќе ја води фирмата по турбулентните шест месеци, во време кога минува низ сериозни реформи.

Карактеристичниот стил на Каланик во голема мера го дефинираше пристапот на Uber и помогна компанијата да стане транспортен гигант вреден 68 милијарди долари, најголемата приватна фирма поддржана од venture capital инвеститори во светот.

Каланик ќе го задржи своето место во одборот на директори.

Uber најави дека ќе им дозволи на возачите да добиваат бакшиш, нешто што претходно беше забрането. Главниот конкурент на Uber во САД, Lyft, одамна им го дозволи ова на своите возачи.