Гленкор плаќа 180 милиони долари на ДР Конго поради корупција

135

Гленкор се согласи да плати 180 милиони долари на Демократска Република Конго за да ги подмири побарувањата поврзани со коруптивни активности во кои се занимавала меѓу 2007 и 2018 година.

Ова ги вклучува активностите кои се под истрага на Министерството за правда на Соединетите држави, како и на Националната разузнавачка финансиска администрација и Министерството за правда на ДР Конго, се вели во соопштението на Гленкор.

„Гленкор е долгорочен инвеститор во ДР Конго и неговите лидери се задоволни што е постигнат договор кој се однесува на последиците од претходните дејствија“, рече претседателот на управниот одбор на компанијата, Калидас Махавпеди, во изјавата за Блумберг.

Минатиот месец, судија во Лондон го казни Гленкор со 276 милиони фунти (340 милиони долари) откако фирмата се изјасни за виновна за обид да поткупи владини службеници за да добијат пристап до нафтените резерви низ Африка.