Глобализацијата во фокус на 49-то издание на светскиот економски форум во Давос

23

Фото: Pixabay

Светскиот економски форум (World economy forum – WEF) започна во познатиот швајцарски град Давос.

Тема на овогодинешното, 49-то по ред, издание на форумот е таканаречената четврта индустриска револуција – Globalization 4.0: Shaping the global architecture in the age of the fourth industrial revolution.

Над 100 владини и 1.000 претставници од бизнис секторот и меѓународни организации се дел од форумот во Давос, но ќе изостане учеството на глобални лидери, како што се: американскиот претседател, Доналд Трамп, британската премиерка, Тереза Меј и францускиот претседател, Емануел Макрон.

Меѓу познатите државници во Давос ќе бидат германската канцеларка, Ангела Меркел, јапонскиот премиер, Шинзо Абе и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро.

И Македонија има свои претставници на овој форум.