Глобалната индустрија за забава до 2025 година ќе заработи 2.600 милијарди долари

48

Аналитичката куќа PricewaterhouseCoopers (PwC) ја објави најновата прогноза за глобалната индустрија за забава, а во некои нејзини сегменти очекувањата ги надминуваат најоптимистичките претпоставки.

Имено ако се следат трендовите во индустријата за видео игри или услугите за стриминг, јасно може да се забележи продолжување на нивниот раст, па дури и големото забрзување што го доживеаја за време на пандемијата на коронавирусот. И додека нивната заработка ќе продолжи да расте во наредните години и претставува зголемен удел на пазарот во светот на забавата, посетите на традиционалните кина доколку ова темпо продолжи, а епидемиолошката состојба е поволна, ќе достигнат нивоа пред кризата за четири години.

Во текот на 2020 година, глобалната индустрија за забава доживеа најголем пад досега забележан, од 3,8% на годишно ниво, со реализирани 2.000 милијарди американски долари заработка. Сепак, закрепнувањето за оваа година веројатно ќе донесе раст од 6,5%, додека во 2022 година се предвидува да биде на 6,7%. Во просек, за петгодишниот период од 2021 до 2025 година, растот на заработката на пазарот за забава ќе биде во целниот опсег од околу 5%, според анализата направена од PwC, како што објави Hollywood Reporter.

Според тоа очекуваната заработка на индустријата ќе биде приближно 2.600 милијарди долари  во 2025 година.

Фото: Pixabay