Глобалната трговија со храна ќе генерира над 370 милијарди евра

18

Глобалниот пазар на храна е на пат да генерира 370 милијарди евра приходи од продажба меѓу 2020 и 2022-ра година, со годишен раст од 3,1%.

Минатата година е регистриран голем раст на трговијата со храна во 2020 година, воден од 20 водечки пазари што остварија приходи од продажба во висина од 235 милијарди евра, што претставува пораст од 8,8% на годишно ниво, анализира Bloomberg.

Забрзаниот раст на глобалниот пазар во 2020 година е поттикнат од пренасочување на потрошувачката надвор кон домот поради пандемијата и затворање на рестораните.

Се очекува Индија да биде земја со најбрз раст во тој период од две години и тоа во висина од 7,2%.

Фото: Pexels