Глобалниот недостиг на чипови ќе потрае неколку години

27

Извршниот директор на американскиот технолошки гигант Intel, Пат Гелсингер рекол дека би можеле да поминат неколку години додека се реши глобалниот недостиг на чипови, што е проблем поради којшто е запрено производството во автомобилската индустрија, а се шири и на други подрачја, вклучувајќи го производството на потрошувачка електроника.

Гелсингер рекол дека трендот на работа и учење од дома во текот на пандемијата доведе до “експлозивен раст на побарувачката за чипови“, којшто создаде голем притисок на глобалниот синџир на снабдување.

На средината на април рекол дека ќе бидат потребни неколку години за да може да се намали недостигот и планира да започне производство на чипови во рок од шест до девет месеци за да се намали недостигот во американските фабрики за автомобили

Intel во март најави план во вредност од 20 милијарди долари за проширување на своите капацитети за производство на чипови, изградба на две фабрики во Аризона и отворање на сите погони.

Фото: Pexels