Глобалниот пазар на автономни автомобили ќе вреди над 37 милијарди долари

82

Во изминатите пет години, големи производители на автомобили, технолошки гигант и старт – ап компании инвестираа повеќе од 50 милијарди долари во развој на технологија за автономни возила.

Иако на ова подрачје има многу финансиски, научни и практични предизвици, пазарот продолжува да расте, а на улиците во следните години се очекува сè поголем број вакви возила. Експертите очекуваат глобалниот пазар на автономни автомобили да порасне за 36% во текот на следните две години и да достигне вредност од 37 милијарди долари до 2023 година.

Некои истражувања покажуваат дека пазарот на автономна автомобилска индустрија во 2019 година вредел 24,1 милијарда долари. Минатата година пазарот забележа пад од околу 3% поради пандемијата, но се очекува оваа година да достигне вредност од 27 милијарди долари.

Статистиката покажува дека во 2019 година се продадени 1,4 милиони автомобили со најмалку трет степен на автономија, а за оваа година се прогнозира да достигне бројка од 2,7 милиони единици, додека за две години да надмине 5,4 милиони возила.

Фото: Pexels