Глобалните емисии на јаглерод се враќаат на нивоата од пред пандемијата

35

Потрошувачката на фосилни горива напредува до рекордни нивоа по повторното отворање на светските економии, а научниците предупредуваат дека количината на емисии на стакленички гасови доволна за зголемување на просечната глобална температура за 1,5 степени ќе биде достигната за само 11 години.

Глобалните емисии на јаглерод диоксид се враќаат на рекордно ниво пред пандемијата, покажаа новите научни анализи. Испуштањето на гасови кои предизвикуваат климатски промени достигна највисоко ниво од 2019 година и почетокот на пандемијата, поради што емисиите беа намалени за 5,4 отсто.

Сега согорувањето на фосилните горива се врати на предковид периодот и тоа многу побрзо од очекуваното, што е спротивно од големото намалување на потрошувачката што ни треба.

Податоците од меѓународен тим научници покажуваат дека светските лидери не ја искористиле пандемијата за да се префрлат на „зелена“ енергија и дека само мал дел од инвестицијата отишла на обновливи извори.

Емисиите на јаглен и гас оваа година скокнаа повеќе отколку минатата година. Потрошувачката на нафта е исто така во пораст во 2021 година, но со побавно темпо бидејќи активноста во транспортниот сектор продолжува да забавува.

За разлика од повеќето земји, емисиите на јаглерод диоксид од најголемиот загадувач во светот, Кина, чиј претседател не ни отиде на самитот во Глазгов, всушност малку се зголемија за време на пандемијата во 2020 година и се очекува да скокнат за уште четити отсто до крајот на оваа година.

Индија ќе забележи огромен раст од 12,6 проценти оваа година – двојно повеќе од падот за време на пандемијата.

Проекциите покажуваат и дека емисиите на штетни гасови во САД и ЕУ до крајот на оваа година ќе се зголемат за 7,6 отсто, но дека ќе останат во согласност со долгорочниот тренд на опаѓање.

Научниците велат дека е многу можно во 2022 година да се постигнат нови рекордни глобални емисии, во зависност од тоа како ќе оди закрепнувањето во транспортниот сектор и потрошувачката на нафта во него.

Светскиот „буџет за јаглерод диоксид“ е сметка за вкупните емисии што би овозможиле 50 отсто шанси да се одржи растот на глобалната температура на 1,5 степени над прединдустриските нивоа, но новите анализи покажуваат дека човештвото ќе го исполни за само 11 години.