Глобалното производство на Тојота скокна за 23 отсто во октомври

64

Јапонската автомобилска корпорација Тојота денеска објави дека нејзиното глобално производство се зголемило во октомври за 23 отсто, а глобалната продажба за 22,8 отсто на годишно ниво, благодарение на повлекувањето на негативните ефекти од пандемијата на корона вирусот.

Со произведени 771.382 возила и продадени 832.373 примероци, најголемиот јапонски производител на автомобили ги надмина минатогодишните бројки трет последователен месец, објави Kyodo.