Глобалното производство на вино на најниско ниво во последниве 60 години

65

Фото: Pixabay

Според последните податоци на International Organisation of Vine and Wine (OIV), производството на вино на глобално ниво бележи рекорден пад, за прв пат од 1957 година, пишува Independent.

Лошите климатски услови во ЕУ се причина за намаленото производство што во 2017 изнесувало 250 милиони хектолитри, или за 8,6% помалку од 2016 година.Еден хектолитар е еднаков на 100 литри или 133 шишиња со стандардна големина од 75 децилитри.

Италија една од водечките производители на вино во ЕУ лани забележала пад на производството за дури 17%. Од иста причина пад е забелеажан и во Франција и Шпанија.

Надвор од ЕУ, производството останува релативно стабилно, со тоа што САД, како четврти по големина потрошувач на вино во светот, го држи приматот во негово производство. По САД следуваат Австралија и Аргентина, додека Кина го зазема седмото место на листата најголеми производители на вино.

Иако производството е во опаѓање, конзумирњето на вино е во пораст. Во 2017 на глобално ниво биле испиени 243 милиони хектолитри, што е за 1,8% повеќе од 2016 година.

Најмногу се конзумира вино во САД, 32,6 милиони хектолитри, на второ место е Франција со 27 милиони хектолитри, додека Кина е трета и бележи пораст од 3,5% во конзумирањето на вино.