Глупави начини да се умре – реклама што собра пет Grand Prix награди во Кан

32

dumb_ways_to_die

Австралиската реклама Глупави начини да се умре правена за Метро (железнички јавен превоз во Мелбурн), на Канскиот фестивал за креативност доби рекордни пет Grand Prix награди (интегрирана, филм, режија, ПР, радио), 18 Златни, три Сребрени и два Бронзени лава и со тоа стана најнаградувана кампања во 59 годишната историја на фестивалот.

Триминутното видео е направено со цел да ги натера луѓето да бидат повнимателни околу возовите. Откако е започната кампањата, според извештаите на Метро, смртните случаи и несреќите поврзани со возовите се намалени за 21%.

Видеото е пуштено во ноемри 2012 година, прегледано е преку 50 милиони пати на YouTube, направени се стотици пародии, а песната на австралиските бендови The Cat Empire и Tinpan Orange стана хит на топ листите во 28 земји во светот.

Продукцијата е на агенцијата McCann од Мелбурн.