GM и Michelin ќе создаваат безвоздушни гуми за автомобили

80

General Motors (GM) и Michelin претставија прототип на безвоздушни гуми наречени Uptis (Unique Puncture – proof Tire System). Гумите ги создаде Michelin, а се наменети за патнички автомобили.

Составени се од мешавина на композитна гума и фиберглас коишто се споени со помош на смола. Тоа им овозможува на гумите да се движат и при големи брзини.

Иако на изглед не се премногу софистицирани, од Michelin велат дека се функционални како и традиционалните гуми. GM ќе започне да ги тестира Uptis во Мичиген кон крајот на годинава на автомобили од моделот Chevrolet Bolts и очекува крајната верзија да биде ставена во производство во 2024 година.

Според GM и Michelin, ваквиот тип на гуми ќе бидат од големо значење за електричните возила коишто се очекува да бидат сè почеста глетка на патиштата. Безвоздушната технологија ја намалува потребата од производство на традиционални гуми коешто е штетно за околината, како и потребата од резервна гума што додава екстра тежина на возилата и придонесува за поголема потрошувачка на гориво.

Фото: GM