Го нарекоа лицемер – Гејтс пропагира екологија, а купува загадувачи

67

Американскиот милијардер и филантроп, Бил Гејтс со години ги следи еколошките трендови и предупредува на катастрофалните последици од климатските промени. Тој е една од најгласните јавни личности за климатските промени, а неговата книга – Како да се избегне климатска катастрофа: решенијата што ги имаме и откритијата што ни се потребни, треба да биде објавена следниот месец.

Книгата ќе содржи анализа на чекорите потребни за да се спречи тотална катастрофа.

Неговиот последен потег привлече големо внимание во јавноста, што го нарече лицемер, бидејќи неговиот фонд за управување со лични средства Cascade Investment, кој управува и со голем дел од неговото богатство од 134 милијарди долари, се здружи со британскиот инвестициски фонд Blackstone за преземање на Signature Aviation. Signature Aviation е најголеми светски оператор на приватни авиони, со околу 1,6 милиони приватни авиони лета годишно. Според неодамнешните бројки, секој лет со приватен авион емитува 40 пати повеќе емисии отколку обичен комерцијален лет. Инвестицискиот фонд на Гејтс веќе поседува 19% од Signature Aviation.

Во текот на последните неколку години, Бил Гејтс постојано беше рангиран меѓу најголемите загадувачи во светот, со оглед на многуте приватни патувања со авион, кои понекогаш изнесуваат повеќе од 321.869 км. годишно. Од оваа количина летање, во просек, се ослободуваат околу 1.600 тони јаглерод диоксид во воздухот.

Уште во 2014 година, Гејтс ја бранеше неговата употреба на приватниот авион, нарекувајќи го нужно зло затоа што му дозволуваше да стигне до местата на кои инаку немаше пристап, за својата добротворна работа.

Фото: Pixabay