Го одбиле за работа 30 пати, а денес вреди милијарди долари

75

alibaba-2

Пред да стане најбогат човек во Кина, основачот на веб страната Алибаба бил одбиен за работа дури 30 пати. Тој конкурирал за работа и во KFC, но од секаде добивал негативен одговор.

Денес, Џек Ма е извршен претседател на Alibaba Group, компанија за онлајн трговија која овозможува продажни услуги преку веб страни.

Мега популарната веб страна за онлајн шопинг ја користат преку 100 милиони купувачи дневно, а неговото богатство се проценува на 20,4 милијарди долари.

alibaba-3

Но, пред да стане најбогатиот Кинез, Ма наиде на многу одбивања. Откако паднал на приемниот испит на факултет три пати, увидел дека тоа не е за него. Така, тој почнал да праќа апликации за работа, но бил одбиен од дури 30 места.

“Се пријавив за работа во полиција, но оттаму ми рекоа не си за тука”, изјави Ма во неодамнешното интервју за Вusiness Insider.

“Отидов и во KFC кога нудеа работа во мојот град. Дваесет и четворица се пријавија. Сите ги примија освен мене“, вели Ма.

Ниту основањето на веб страната Алибаба во 1998 година не поминало без тешкотии. Брендот не можеше да оствари профит цели три години, па Ма мораше да покаже малку повеќе креативност.

alibaba-1

Еден од најголемите предизвици на компанијата беше плаќањето. Тој не знаеше како да го стори тоа, а ниедна банка не сакаше да соработува со него.

Тогаш Ма стартуваше со сопствен начин на плаќање наречен Alipay. Програмата работи така што ги пренесува исплатите на различни валути помеѓу меѓународните купувачи и продавачи.

“Кога им кажав на луѓето како планирам да ја решам работата со плаќањето, сите ми велеа дека тоа е најглупавата идеја која некогаш сум ја имал. Не ми беше воопшто битно дали е глупава или не сè додека истата може да послужи“, додава тој.

Денес, 800 милиони луѓе го користат Alipay, а Ма е еден од најуспешните претприемачи во светот.

Фото: Alibaba Group