Го престигна Мicrosoft: Nvidia стана највредната компанија во светот

Американскиот производител на чипови Nvidia вчера стана највредната компанија во светот, откако нејзините акции пораснаа за 3,5 отсто на 135,60 долари, зголемувајќи ја нејзината пазарна вредност на 3,33 трилиони долари.

Така, оваа компанија го симна од тронот технолошкиот гигант Мајкрософт, само неколку дена откако го престигна производителот на iPhone Apple и стана втора највредна компанија, објави Ројтерс.

Пазарната вредност на Мајкрософт вчера изнесуваше 3,32 трилиони долари, откако неговите акции паднаа за 0,2 отсто.

Паднаа и акциите на Apple, но за 1,3 отсто и се одрази на вредноста на компанијата да изнесува 3,27 трилиони долари.

Акциите на Nvidia се зголемија за околу 173 проценти досега оваа година, во споредба со растот на Microsoft од околу 19 проценти.

Скокот во вторникот ги подигна акциите на Nvidia на рекордно високо ниво и додаде 103 милијарди долари на нејзината пазарна вредност.

Nvidia има повеќе од 80 отсто удел на пазарот на чипови со вештачка интелигенција.