Годинава се очекува пад на побарувачката на електрична енергија во ЕУ

69

Побарувачката за електрична енергија во ЕУ годинава ќе падне на најниско ниво од почетокот на деценијата, што ги одразува проблемите во индустријата, проценува Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), нагласувајќи ја разликата во потрошувачката меѓу развиените и земјите во развој.
Побарувачката за електрична енергија во ЕУ годинава ќе се намали за три отсто и ќе се спушти на најниско ниво од 2002 година, пресмета ИЕА.

Големите европски индустриски потрошувачи сè уште не закрепнале од минатогодишниот пад на производството, посочува агенцијата, поткрепувајќи ја оценката со пад на побарувачката на електрична енергија од 6 отсто во првата половина од годината.

Во 2022 година, речиси две третини од нето намалувањето на побарувачката за електрична енергија беше поврзано со индустриските компании кои се борат со високите цени на енергијата, а трендот продолжи во добар дел од оваа година, и покрај падот на цените на енергијата и електричната енергија од рекордно ниво, додаваат тие, објави Хина.