
Годишната инфлација во Еврозоната изнесуваше два проценти во споредба со 2,4 проценти за Европската Унија во јули, објави Европскиот завод за статистика – Евростат.
Во споредба со јуни 2025 година, годишната инфлација се намали во осум земји-членки, остана стабилна во шест и се зголеми во 13, се вели во соопштението.
Најниски годишни стапки се забележани во Кипар (0,1 процент), Франција (0,9 проценти) и Ирска (1,6 проценти).
Највисоки годишни стапки се забележани во Романија (6,6 проценти), Естонија (5,6 проценти) и Словачка (4,6 проценти).
Најголем придонес кон годишната стапка на инфлација во Еврозоната имаа услугите (+1,46 процентни поени, п.п.), по што следуваат храната, алкохолот и тутунот (+0,63 п.п.), индустриските стоки без енергија (+0,18 п.п.) и енергијата (-0,23 п.п.).











